Вести

Иранскиот „Риба“ – најдобар филм на 10-от Мобил Фестивал

Иранскиот филм „Риба“ од Абузар Солтани беше прогласен за најдобар филм на 10-то издание на „Мобил фестивал“ чија завршна вечер се одржа на 6 декември во Кинотека на Северна Македонија. Жирито во состав Дејан Илиев, продуцент, Гоце Цветановски – режисер и Хајрулах Рамизи – актер го избра „Риба“ за најдобар во селекција од 25 филмови кои влегоа во потесен избор за наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“.

За најинвентиве филм беше избран германско-канадскиот „Like and Follow” од дуото Тобиас Шлаге и Брент Форест, додека наградата за најоригинална идеја ја освои „Sir Chub de Pigi“ на Александро Гојсан од Украина.

Тимот на „Мобил фестивал“ им честита на сите добитници и им благодари на сите кои пријавија филм и учествуваат на „Мобил фестивал 2019“.