Правила за учество:
Пријавување за учество е со пополнување на апликацијата достапна подолу.
Сите испратени материјали да бидат снимени со користење на мобилен телефон.
Снимениот материјал треба да биде оригинален и да не ги прекршува начелата на авторска сопственост.
Конкурсот е отворен во текот на целата година. Крајниот рок за пријавување за овогодинешниот фестивал е 23-ти ноември. Филмовите кои ќе стигнат после овој датум ќе влезат во конкуренција на Мобил Фестивал 2014
Времетраење на филмовите до 10 минути.

Начини за пријавување на конкурсот:
Пополнување на апликацијата на нашата веб страница а снимениот материјал (видеото) да биде прикачено на 4shared страницата а до нас го испраќате линкот за Download на видеото. Напомена: Прикаченото видео мора да го носи истиот наслов како и оној кој го внесовте во апликацијата.
или
Материјалот да биде ставeн во mpg2 формат и доставен во канцеларијата на п. фах 820, 1001 Скопје, Република Македонија.

Категории:

Учесниците на фестивалот можат да учествуваат со филмови во било кој жанр: фикција , музичко видео, реалност, собирање на електронски вести или приказна преку фотографии.

Награди:

- Прва награда од жирито за најдобар филм – “Ратка Илиевска – Лале”

Објавување на резултатите:
Селектирани филмови снимени на мобилен телефон ќе бидат прикажани на Мобил Фестивал 2013
Сите пристигнати филмови по завршувањето на фестивалот ќе бидат достапни за јавноста на официјалната страна на фестивалот.
Најдобрите филмови ќе бидат прикажувани на Интернационални фестивали што се дел од мрежата на фестивали за филмови снимени на мобилен телефон и ќе бидат во официјална конкуренција на Фестивалите кои се наши партнери.

Мерт Аслани – продуцент

Роден: 02.02.1985 Скопје
Фирма: BMA Brothers
Изработува видеа за македонската, албанската и турската естрада.
Соработува со голем број балкански ѕвезди

проф. Д-р Небојша Вилич – историчар на уметноста

Илија Каров – режисер

Работилниците се конципирани и координирани од Карл Бардош професор и скрипт доктор со големо реноме и искуство. Карл Бардош е професор на New York University (Универзитетот на кој предава Мартин Скорсезе) каде држи 26 курса за филмска и телевизска продукција, филмско сценарио и филмска теорија. Го има отворено првиот курс за правење на филмови со мобилни телефони (Mobile film making). http://filmtv.tisch.nyu.edu/object/BardoshK.html
Мobile Workshop ќе се одржи на 25-ти и 26-ти Ноември во Европската комисија во Македонија помеѓу 12 и 17 часот во рамките на “IV –от Интернационалниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон Мобил Фестивал”.
Целиот циклус е составен од 4 работилници кои ќе бидат посветени на по еден сегмент од процесот на правење на филм – специфично со камери од мобилен телефон:

  •  Основи и филмско раскажување специфично за кратки форми и прилагодено на специфична техника на изработка
  • Филмската продукција и новите технологии
  •  Перспективи на мобилните телефони како филмски медиум

Секоја работилница посебно ќе бидe поделена во два дела:
Проекции на најдобрите кратки филмови снимени со мобилен телефон, победници на најголемите светски фестивали од овој вид. Селекцијата на филмови ќе биде различна за секоја работилница и ќе биде направена според тоа како третираат одредена фаза од филмскиот занает (сценарио, камера, монтажа итн).
Предавања во форма дискусија каде што секој од учесниците ќе може да поставува прашања. Претходното прикажаните филмови ќе се користат како примери за предавањата.
Тие ќе биде од отворен тип за да бидат посетени од што повеќе заинтересирани млади филмски автори.
Мobile Workshop се прави во соработка една од најпознатите франсуски филмски академии “Louis Lumiere College” од Париз. Работилницте ќе бидат водени од:
Проф. Др. Небојша Вилиќ, професор по историја на уметноста
Николина Неделковска
Игор Алексов, режисер.

Стартува вториот џуниор мобил филм фестивал


Во рамките на Четвртиот интернационален фестивал – Мобил Фестивал 2013, по втор пат оваа година ќе се одржи Џуниор Мобил Филм Фестивал.
Џуниор Мобил Филм Фестивал е во организација на Град Скопје и „КТ Филм и Медиа“, а истиот ќе ја има својата промоција на 24-ти ноември во Кинотека на Македонија, со почеток во 11 часот. На фестивалот, децата ќе имаат можност да ги претстават своите лични филмски остварувања. Всушност, станува збор за кратки филмови снимени на мобилен телефон, тематски инспирирани од секојдневниот живот. На конкурсот, можат да се пријават сите заинтересирани ученици од средните и основните училишта од Град Скопје.
Целта е да се промовира употребата на камерата од мобилните телефони, како алатка со која децата ќе можат да ги развијат своите креативни способности и афинитети кон филмската уметност. Овој филмски фестивал има за цел да ја популаризира визуелната култура кај младата генерација и да им даде основа на децата филмски да се образуваат и описменуваат.
За време на одржувањето на фестивалот ќе се избира најдобар и најивентивен филм. Победниците ќе освојат вредни награди, и ќе добијат своја промоција, односно директно се пласираат на интернационалниот Мобил Фестивал 2013, што ќе се одржи на 26-ти ноември во кино Фросина со почеток во 20:00 часот.
Токму овде, можеби се зачетоците, каде ќе се образува младата публика и идните филмски режисери и режисерки. Пред се ова ќе биде несекојдневно дружење помеѓу учесниците , исполнето со квалитетна забава.

ГЛАВНА ПРОГРАМА
Главната програма е составена од домашни и странски филмови кои се пријавени на официјалниот конкурс за Мобил Фестивал 2013 година. Филмовите ќе бидат прегледани од жирито кое ќе ги додели наградите на главната фестивалска вечер.
Главната фестивалска вечер ќе се одржи на 26 ноември во кино Фросина МКЦ, Скопје. Влезот е слободен.

РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА
Регионалната програма е составена од селекција на филмови снимени со мобилен телефон од држави во регионот. Дел од нив ќе бидат во официјалната конкуренција на Мобил Фестивал 2013.

ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА
Интернационалната програма е составена од селекција на филмови снимени со мобилни телефони, кои биле прикажувани на Интернационални фестивали од ваков вид во Европа, Америка, Азија и Нов Зеланд. Некои од нив ќе бидат селектирани во официјалната конкуренција на Мобил Фестивал 2013.
Овие фестивали се наши партнери со кои заеднички соработуваме и ја промовираме идејата за користење на новите технологии во креативни цели. Најдобрите филмови од Мобил Фестивал ќе имаат можност да бидат прикажувани на овие фестивали.

ФЕСТИВАЛИ ПАРТНЕРИ

MOBIL FILM FESTIVAL – SAN DIEGO, USA
Интернационалниот Фестивал за филмови снимени со мобилен телефон Mobil Film Festival се одржува во Сан Диего, Калифорнија, САД. Организиран е од S.Botello Productions и спонзориран од различни организации, вклучувајќи го и Grossmont College. Целта на фестивалот не е само да создаде креативна искра и интерес за создавање филмови со мобилен телефон со лимитиран буџет и ресурси, туку и да ги инспирира креативните филмаџии да го искористат нивниот потенцијал и можност да ги остварат нивните соништа.

MINA – NEW ZELAND, AUSTRALIA
MINA претставува мрежа на мобилни иновации, чија цел е да создава интеракции помеѓу луѓето, содржината и креативните индустрии. Основач на оваа мрежа е Max Schleser од Нов Зеланд. MINA се одржува секоја година во ноември во Нов Зеланд и Австралија и на настаните кои се организирани се прикажуваат филмови снимени со мобилен телефон од целиот свет.

SESIFF – SEOUL, SOUTH KOREA
SESIFF (Интернационален Филмски Фестивал за Екстремно-Кратки слики и филмови Сеул)е фестивал кој се одржува во Јужна Кореја, Сеул од 2009 година, како прв фестивал за ектремно-кратки слики и филмови во Азија. Мотото на овој амбициозно културен фестивал e “Секој може да создаде филм”. Целта на SESIFF е да пронаоѓа различни можности преку иновативната визуелна култура и да понуди можности за подобро уживање.

THE HONG KONG MOBILE FILM FESTIVAL
Хонг Конг Мобил Филм Фестивал (HKMFF) постои од 2007,кој е организиран од WTIA(Hong Kong Wireless Technology Industry Association) и HKPC(Hong Kong Productivity Council).Овој фестивал е создаден е за да ја охрабри младата генерација да ги следи своите соништа преку мобилните телефони и да ги припреми за потребите на индустријата. Во меѓувреме, создава атмосфера за филмовите снимени со мобилен телефон бидат вреднувани.