Вести

Промоција на филм преку трејлер – Монтажа и специфики

Промоција на филм преку трејлер – Монтажа и специфики“ беше темата на работилницата што македонскиот монтажер Атанас Георгиев ја одржа на ФДУ во Скопје, во рамките на програмата „Синематик“. Студенти од филмската акaдемија можеа да научат повеќе за трејлерите како форма која многу помага за промовирање на филмовите. Георгиев прикажа повеќе трејлери од домашни филмови на кои работел како монтажер – „Илузија“ од Светозар Ристовски, „Плати и жени“, како и од култниот „Боречки клуб“ на Дејвид Финчер и зборуваше како должината и изгледот на трејлерот зависи од тоа каде и пред која публика се промовира филмот. Со три кадри од славниот „Париз, Тексас“, за кој Вес Андерсон ја освои „Златната палма“ во Кан во 1984 година, објасни како ефектно да се монтира трејлер со кој се кажува се за филмот.