Работилница за стоп анимација
Локација: Младински културен центар
Дел од работната атмосфера на првата работилница одржана во рамките на Мобил фестивал, посветена на најмалите љубители на подвижните слики. Заедно со аниматорот Крсте Господиновски, учеа како можат да изработат стоп-анимација со пластелин. Работилницата беше наменета за најмладите и имаше за цел да ја насочи нивната бескрајна креативност кон процесот на создавање на анимиран филм во техниката стоп анимација. Тие меѓу другото, научија како да осмислат и создадат ликови од пластелин, како да ги направат функционални за анимирање, и на крајот како да ги анимираат. Ликовите ги анимираа на претходно спремен сет за снимање-анимирање.
Раболницата се реализираше во соработка со фестивалот на европски филм „Синедејс“