Дваесетина вредни средношколци од гимназијата „Никола Карев“ и десетина тинејџери од СОС Детско село учеа за стоп-анимација и со помош на апликација за смарт-телефон и создадоа куси видеа.
На работилниците под менторство на Крсте Господиновски тие се запознаа со основите на стоп-анимацијата и можноста со мобилен телефон да креираат филмско дело. Нивните анимации беа прикажани на завршната вечер на фестивалот на 18 ноември во Кинотеката на Македонија.