Вести

Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија во рамките на програмата „Синематик“ му врачи награда за животно дело на култниот француски монтажер Жак Вита

Асоцијацијата на филмски професионалци на Македонија во рамките на програмата „Синематик“ му врачи награда за животно дело на култниот француски монтажер Жак Вита. Наградата во вторникот му ја врачи поранешниот амбасадор на Македонија во Франција, Јордан Плевнеш.

“Полесно му е на еден монтажер да манипулира со сликите и со звукот, отколку со зборовите. Се сеќавам на мојот престој во Македонија, на пречекот што ми беше направен, на работата, на средбата и на соработката со исклучителни луѓе (мислам на Владо Цветановски, Јордан Плевнеш и други). Признанието што ми го доделивте денеска многу ме радува и го оживува ова чувство” – изјави г-динот Жак Вита за наградата.

Жак Вита е француски монтажер кој почнал да работи на монтажа на игран филм во доцните 50-ти години на минатиот век. Монтирал повеќе од 60 играни филма и работел со значајни француски филмски режисери, како Клор Бери и Џин Бекер, но е најмногу познат по соработката со Кшиштоф Кишловски, која започна со „Двојниот живот на Вероника“ и продолжи со „Три бои: Сино“ и „Три бои: Црвено“. Жак Вита освоил награди за монтажа на француските филмски награди „Цезар“ во два наврата: во 1984 година за „Убиствено лето“ и во 1994 година, за „Три бои: Сино“. Инаку, Вита се потпиша на монтажата на филмот „Јас сум од Титов Велес“ на режисерката Теона Стругар-Митевска, продуциран во 2007 година